Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Блажевски со јубилеј, 100-ти натпревар во дресот на Вардар
Блажевски со јубилеј, 100-ти натпревар во дресот на Вардар

Блажевски со јубилеј, 100-ти натпревар во дресот на Вардар

Натпреварот против Шкендија, беше 100-ти во дресот на Вардар за Дејан Блажевски. За Блажевски ова е 11-ти настап во Купот, 14 меча има одиграно на меѓународна сцена, и 74 настапи собра во првенството на Македонија во дресот на Вардар. Тој има и еден одигран натпревар во Супер-Купот на Македонија против Работнички. Освои три шампионски титули и еден Супер-Куп пехар во дресот на „црвено-црните“. Беше дел и од историскиот пласман на екипата во Лигата на Европа оваа сезона, и беше еден од стрелците на трите гола кога успеа да ја затресе мрежата на Зенит на гостувањето во Санкт Петербург.