Вардар во оваа сезона го брани Куп трофејот во македонското куглање, тие лани на спектакуларен начин во финалето го победија големиот фаворит тимот на КК Макпетрол. Тоа беше изненадување, истиот трофеј треба да се нападне и оваа сезона иако повторно изразит фаворит е тимот на “пумпашите“. Амбициите во ова натпреварување како што велеа неколку пати од црвено-црниот табор се пласман во финалниот дуел.
Познат е распоредот, кој содржи според планот најпрвин квалификации, по кои најдобрите четири екипи ќе играат во полуфиналето. Тимовите во полуфиналето ќе одиграа дома-гости, а победниците од овие дуели ќе играат во големото финале за пехарот во Купот на Република Македонија во Куглање. Вака изгледаат термините: