Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Оваа победа е добредојдена за враќање на самодовербата пред дербито со Пелистер
Јаневски: Оваа победа е добредојдена за враќање на самодовербата пред дербито со Пелистер

Јаневски: Оваа победа е добредојдена за враќање на самодовербата пред дербито со Пелистер

Вардар успеа да се врати на победите во ПМФЛ и денес да ја совлада екипата на Ренова. Иако потешко од очекувањата, сепак црвено-црните на крајот ги освоија бодовите од овој меч. Се до 82 минута, противникот имаше нерешен резултат, кога на сцена стапи бразилецот Фелипе кој со одличен гол успеа да му донесе водство на Вардар од 2:1, што на крај се покажа и како конечен резултат. Шефот на стручниот штаб, Чеде Јаневски истакна дека ова е важен триумф за подигнување на самодовербата пред натпреварите кои следат. За официјалната страна на клубот, тој го изјави следново:

-Оваа победа ни е добродојдена за враќање на самодовербата после оној шок што го доживеавме со Зенит во Лигата на Европа, и потоа со Скопје во првенствениот натпревар. Денеска на еден ваков терен не можеше подобро да се одигра, но нема да бараме алиби. Имавме контрола во текот на сите 90. минути, создадовме неколку шанси, но за жал нешто и од наша лоша завршница, придонесе до крајот на натпреварот да работиме и да се бориме за трите бода. Овој триумф го донесе менталитетот и карактерот на екипата. Затоа им честитам на играчите, затоа што навистина не беше лесно. Во вториот дел штотуку ќе направиме добро темпо, шанси, акции за гол, имаше неколку прекини поради повреди на противнички играчи, и тоа донесе да немаме континиутет. Затоа реков дека ова се важни три бода кои ни даваат самодоверба и пред дербито во недела со Пелистер во Битола.

Јаневски имаше пофални зборови за младинецот Тодор Тодороски, кој во второто полувреме го замени Хамбарџумјан.

-Ние победуваме и губиме како тим, но денеска би сакал посебно да го истакнам младиот Тодороски кој што одлично влезе во натпреварот беше многу опасен во нападот, а беше одличен во дефанзивата. Не дека Хамбарџумјан одигра послабо, знаевме дека пред натпреварот се жалеше на мала повреда, размислувавме дали да го пуштиме, и во последен момент донесовме одлука да игра. По добивањето на жолтиот картон, имав страв да го заштитам и него и тимот, и тоа беше причината поради што влезе, Тодороски кој што уште еднаш ќе кажам прикажа одлична игра денеска.