По одиграното комплетно четтврто коло во регионалната СЕХА Гаспром лига само нашиот Вардар има максимален ефект. Нашите момци по овие кола собраа 12 бода со што се зацврстија на првата позиција. Поради киксовите на екипите зад нас сега ние сме на пет бода предност пред втората и третата екипа на табелата.
Втори се ППД Загреб, а трети екипата на Целје Пивоварна Лашко со по седум бода, односно досега имаа по две победи и едно реми. Вардар покажува дека оваа сезона е расположен да ја одбрани круната освоена од изминатата сезона кога беше крунисан за владател на регионалната лига. Во ова коло постигнати се следниве резултати:
Мешков Брест 29 – 26 Динамо Панчево
ППД Загреб 25 – 25 Целје Пивоварна Лашко
Вардар 32 – 28 Татран Прешов
Војводина 21 – 19 Металург
Нексе Нашице 24 – 24 Горење