Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Масовно со Нант
Комити: Масовно со Нант

Комити: Масовно со Нант

Комити соопштение!!!!

Сеуште се свежи сеќавањата и еуфоријата од последниот гол на Лука во полуфиналето и на Иван во финалето на Final Four пресметката од ЛШ во Келн…Сеуште ги гледале реките народ собрани да ги пречекаат Шампионите од Скопскиот Аеродром до Плоштадот Македонија…Сеуште ечи песна од сите страни и трофејот го има својот сјај…Сеуште го живееме сонот…

Можеше ли да биде посовршено? Можеше ли коцките толку идеално да се склопат и титулата Европски Прваци да ја подигнеме точно на денот на нашиот 30 роденден, 04 Јуни 2017. Каква честитка од јунаците во Црвено-Црни дресови, едноставно не оставија должни за сите генерации кои копнееа по еден ваков успех, но и новите генерации кои во ракометарите во црвено-црно ги пронајдоа своите идоли…

Токму сега кога сите се повеќе од мотивирани да го земат нашиот скалп, во првиот натпревар во ЛШ сезонава ги добивме Висла Плоцк, студен туш, на нивни терен, во Полска, каде ретко кој победува и каде сме знаеле да загубиме и по 7 голови разлика…

Со победа го дочекуваме првиот домашен натпревар од новата сезона од ЛШ, и одбраната на титулата ја започнавме во Шампионски стил…Во СЕХА лигата газиме, имаме 100% ефект…Во една таква атмосфера во Сабота од 17:30ч. го дочекуваме Дербито во нашата група против засилениот со Кире Лазаров, Нант од Франција…Влагаме во форма, и конечно по долго време можеме да потенцираме дека ги проследивме сите официјални и неофицијални натпревари на РК Вардар во новата сезона, вклучувајќи ја и онаа ревијалната од експерименталниот карактер, првиот Супер Куп на РМ против Работник од Битола…

Во екот на зголемената активност на групата, во Сабота, 23.09 имаме двојна програма, веднаш по завршувањето на натпреварот од сала, сите се упатуваме заедно накај С.Ц. Ново Лисиче (дупка) на завршницата на Меморијалниот турнир на Комити, кој започнува ден порано на 22.09.2017г.

Постојат мал милион мотиви да бидеме во Јане Сандански во голем број, но доколку треба да одбереме еден, нека биде истиот со кој ќе ги поздравиме оние кои не се повеќе меѓу нас, да ја наполниме нашата трибина и да се потсетиме на нашите браќа кои прерано не напуштија, да го оживееме нивното присуство помеѓу нас, нека се пеат песни во нивна чест, нека се веат бајраците со нивните ликови, нека се биде во нивна чест, ”ВО ЧЕСТ НА ОТСУТНИТЕ”!!!

По завршувањето на натпреварот СИТЕ заедно во симболична поворка се упатуваме накај С.Ц Ново Лисиче да ја проследиме завршницата на истоимениот турнир…

#МОБИЛИЗАЦИЈА #РеВардаризација#НемаЕвропскиВардарБезПолниТрибини