Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Подготвени сме да ги освоиме првите бодови во Европа
Јаневски: Подготвени сме да ги освоиме првите бодови во Европа

Јаневски: Подготвени сме да ги освоиме првите бодови во Европа

Утре Вардар го игра третото коло во рамките на групната фаза од лигата на Европа. Ова ќе биде можност да ги освоиме првите бодови, но пред себе ќе имаме тежок противник кој доаѓа од најсилната Ла Лига, а тоа е екипата на Рел Сосиедад. Вечерва ФК Вардар одржа прес-конференција, на која ги сподели своите очекувања за утрешниот меч. Пред медиумите се обрати шефот на стручниот штаб, Чеде Јаневски кој го изјави следново:

-Утре против себе имаме противник за респект, тим со долга традиција кој што игра во најсилните првенства во Европа и скоро секогаш завршува меѓу првите пет на табелата. И при составувањето на групата, знаевме дека Зенит и Реал Сосиедад се главни фаворити за првите две места. Реал Сосиедад до сега освои само три бода, и тука ќе ја гледа шансата да ги освои трите бода против нас. Ние од натпревар во натпревар одиме во нагорна линија, односно формата ни се подобрува. Вториот меч со Розенборг го одигравме многу подобро од оној првиот против Зенит. Против Шкендија во првенството видов дека играчите се полни со самодоверба и се подготвени за утрешниот натпревар да ги освоиме првите бодови во Европа. За да дојдеме до првите бодови во групната фаза, ние добро ги анализиравме во домашното првенство и во Европа. Знаеме дека е добар тим, тим кој што сака да ја има топката во посед, играат офанзивен фудбал, постигнуваат голови исто така и примаат. Значи играат на гол повеќе. Затоа ние добро се подготвуваме на овој натпревар, со една добра организација да бидеме концентрирани од првиот до последениот момент и верувам дека ние ќе ги искористиме нивните слабости. Ги респектираме, но веруваме во своите квалитети и затоа велам со добра организација ќе дојдеме до добар резултат. Посакувам и поддршка од публиката од нашата публика која може многу да придонесе.