Утре Вардар го игра третото коло во рамките на групната фаза од лигата на Европа. Ова ќе биде можност да ги освоиме првите бодови, но пред себе ќе имаме тежок противник кој доаѓа од најсилната Ла Лига, а тоа е екипата на Рел Сосиедад. Вечерва ФК Вардар одржа прес-конференција, на која ги сподели своите очекувања за утрешниот меч. Пред медиумите се обрати Тигран Барсегјан кој го изјави следново:
-Сметам дека утре ќе биде добар натпревар. Сите знаеме што значи за нас овој меч. Ќе играме со срце и ќе сториме се за добар резултат. Реал Сосиедад е добар тим и има добри играчи. Нема да не залаже тоа што примаат голови во последно време. Очекувам публиката да биде нашиот 12 играч и да ни даде поддршка. Ако ги исполниме задачите од нашиот стручен штаб, мислам дека можеме да победиме. Без разлика на тоа каде и да играм, јас сум подготвен да дадам максимум. Важно е да одиграме тимски, затоа што фудбалот е колективен спорт и верувам дека таа колективна игра ќе ни донесе резултат.