Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Јаневски постигна гол за Македонија У16, во стартниот состав беше Стојановски
Јаневски постигна гол за Македонија У16, во стартниот состав беше Стојановски

Јаневски постигна гол за Македонија У16, во стартниот состав беше Стојановски

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години го заврши учеството на меѓународниот турнир во Турција на последното место.

Денес на последниот меч за пласман, избраниците на Драган Канатларовски одиграа дуел со селекцијата на Косово, кој заврши со нерешен резултат 2:2. Стрелец на еден од головите за Македонија беше играчот на Вардар, Игор Јаневски, кој погоди од белата точка.

Во стартниот состав на овој меч беше само Георг Стојановски, додека во игра влегоа уште и Јаневски, Павлески и Љушев. После изведување на пенали, победи Косово со резултат 6:7.