На Афричкиот шампионат селекцијата на Алжир во која настапува голманот на европскиот првак, Вардар младиот Гедбан Калифа дојде до четврта победа. Вчера тие во првиот меч од втората групна фаза играа против селекцијата на Република Зелен ’Рт.
Со резултат 25-23 (13-12) алжирците дојдоа до четвртата победа од исто толку мечеви на шампионатот. На коло пред крај на оваа фаза обезбедено е полуфинале и битка за медали. Тие имаат 4 бода колку и селекцијата на Тунис со која играат утре во дербито за лидерската позиција. Во другата група Египет веќе обезбеди полуфинале, селекција која ја води поранешниот треенер на Вардар, шпанецот Парондо. Калифа досега има клубски успеси со Вардар, ова е голема шанса за тимски медал на овој млад голман.