Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Новата година во ЛШ први ќе ја отворат Вардар и Кил
Новата година во ЛШ први ќе ја отворат Вардар и Кил

Новата година во ЛШ први ќе ја отворат Вардар и Кил

Полека се ближи стартот на вториот дел од сезоната во ракометната Лига на Шампиони. Моментално во тек е Европското првенство, а набргу ќе бидат познати и четирите репрезентации кои ќе се борат за еден од медалите.

Што се однесува до продолжување на Лигата на Шампионите, први кои ќе отворат во новата година ќе бидат токму екипите на Вардар и Кил. Нивниот меч е закажан да се одигра на 5.февруари ( среда) со почеток од 19:00 часот, а веќе во вториот викенд од месецот ќе продолжат и другите натпревари од двете најсилни групи.

До крајот на групната фаза остануваат да се одиграат уште четири кола, а Кил се наоѓа во најдобра позиција за освојување на првото место во групата кое носи директен пласман во четврт-финалето. Вардар се наоѓа на шесттото место, со надеж дека може до крајот да се избори за повисок пласман на табелата.