Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Имаме многу тешки натпревари, затоа и принудени сме да правиме многу ротации во составот
Јаневски: Имаме многу тешки натпревари, затоа и принудени сме да правиме многу ротации во составот

Јаневски: Имаме многу тешки натпревари, затоа и принудени сме да правиме многу ротации во составот

Вардар стигна до многу важна победа во ПМФЛ и тоа на тешкиот терен во Битола, каде беше совладана екипата на Пелистер. Со еден гол и тоа во мрежата на домашната екипа, дело на Дејан Блажевски беше решен овој натпревар. По завршување на мечот своите впечатоци од победата за официјалната страна на клубот ги сподели тренерот Чеде Јаневски.

-Драго ми е што сум повторно во Битола. Од овој град излегоа многу добри фудбалери, а со некој од нив и денеска сум голем пријател. Честитки за одличниот прием и добрата атмосфера. Имавме одличен терен за игра. Секогаш е тешко да се освојат три бода во Битола, особено што знаеме какво е ривалството помеѓу Пелистер и Вардар. Во првиот дел бевме доминатни и заслужено поведовме. Во вториот дел имавме малку проблем, Пелистер отиде на сè или ништо што се вели, отиде малку понапред, и тука немавме решение во креирањето на нашата игра, и не можевме да дојдеме во ситуација да играме како во првото полувреме. Но, имавме и многу простор во нападот и тој простор мораше да го искористиме, и порано да го решиме победникот.

Тежок е ритамот за Вардарци, кои секоја недела играат по три натпревари. Веќе во четврток играме натпревар против екипата на Розенборг, па тренерот Јаневски е принуден да ротира, иако има и повредени играчи на кои не може да смета.

-Имавме и една убава шанса кога Барсегјан не успеа да реализира. Вака мораше да се бориме и да бидеме добро организирани до крајот на натпреварот. Овој ритам не е лесен за Вардар, играме натпревари среда – недела – среда. Имаме многу тешки натпревари, затоа и принудени сме да правиме многу ротации во составот. Проблем претставуваат и повредите на одредени играчи. Правиме напори што можеме да менуваме да изротираме за да имаме добри тимови за сите три фронта.