Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Златко Таневски дебитираше со две победи, со Вардаровата генер. “2009“ во детската фудбалска лига
Златко Таневски дебитираше со две победи, со Вардаровата генер. “2009“ во детската фудбалска лига

Златко Таневски дебитираше со две победи, со Вардаровата генер. “2009“ во детската фудбалска лига

Со победи започна дебитанската сезона во детската лига за Вардаровата генерација “2009“ година, кои денес на терените на ФК Работнички одиграа два натпревари кои ги добија во своја корист. Оваа генерација е предводена од поранешниот играч на ФК Вардар, Златко Танески кој дебитираше со победи.

На првиот натпревар Вардар (1) беше подобар од екипата на Башкими, која ја совлада со резултат од 5:0. На овој дуел по два гола постигнаа Марко Петровски, Коста Бошковски, додека еден беше дело на Антониј Аџиоски. 

Интересен и борбен натпревар одиграа Вардар (2) и Шкупи и тука победата им припадна на нашите млади надежи. Конечниот резултат гласеше 4:1 и сите голови интересно беа постигнати во првото полувреме. Секоја чест за овие млади момчиња на Вардар, кои повеќе ја посакуваа победата од противничката екипа. Покажаа голема борбеност, а покрај погодоците има уште неколку добри шанси за погодок. На голот го имавме одличниот Лука Грчевски, кој во неколку наврати го спаси нашиот гол. Резултатот на овој натпревар го отвори Давид Колевски кој му донесе водство на Вардар од 1:0. Предноста на 2:0 ја зголеми Павел Котески – Митровски, по што Шкупи го намали резултатот со авто гол на еден од нашите играчи. Сепак до крајот на првиот дел успеваме уште два пати да ја тресеме мрежата на Шкупи. Најпрво на 3:1 зголеми Николај Наќевски, за конечните 4:1 да ги постави Вилијам Ангеловски. 

22016219_1460871607293014_1394810247_n

Во оваа возрасна генерација се игра 4+1 на теренот и едно полувреме трае по 20 минути. Големо браво за нашите млади надежи на стартот од сезоната, кои одиграа два одлични натпревари, како и за тренерот Златко Танески, кој освен добар тренер е и добар “педагог“.

 22014562_1460871740626334_733999219_n