Кадетките на РК Вардар Јуниор со победа ја стартуваа сезоната во кадетската лига. Избраничките на Драгана и Билјана Пецевска гостуваа во Неготино, каде беа подобри од екипата на Вардар – Неготино, совладувајќи ја со резултат 16:32.
Резултатска неизвесност имаше само во првите пет минути, кога резултатот беше нерешен 3:3, што беше и последно израмнување на овој меч. Од тие моменти Вардарки направија серија од 0:4 и поведоа со 3:7.Во едн момент екипата на Неготино намали на 6:8, но до крајот на првото полувреме, Вардарки ја вратија најголемата предност од четири голови и на одмор заминаа со предност од 8:12.
Во второто полувреме постигнавме многу двојно повеќе голови. Домашната екипа имаше сила само во првите четири минути од вториот дел кога намали на 10:13. Црвено-црните направија нова серија постигнувајќи четири последователни голови, за највисока предност од 10:17. Разликата во квалитет беше очигледна на страната на Вардарки, кои како одминуваше натпреварот се повеќе го зголемуваа водството, за во еден момент тоа да биде и двоцифрено (14:24). До крајот на натпреварот постигнавме уште осум голови, додека примивме само два, за конечен резултат од 16:32.
Вардар Јуниор: Трајковска, Гроздановска 4, Дамјановска, Гонзалес 1, Ѓорѓиевска 2, Петковска 6, Грујовска, Арсовска, Софтовска 5, Шалевска , Костовиќ, Миновска 1, Седлоска 5, Коларовска, Талевска, Наскоска.