Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Минимален пораз на Вардар Јуниор, екипата на Радовиш посреќна во финишот
Минимален пораз на Вардар Јуниор, екипата на Радовиш посреќна во финишот

Минимален пораз на Вардар Јуниор, екипата на Радовиш посреќна во финишот

Вечерва во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра натпревар во рамките на второто коло од сепер лигата, помеѓу екипите на Вардар Јуниор и Радовиш. Гостинската екипа беше посреќна во финишот забележувајќи победа од еден гол разлика (19:20).

Стартот на натпреварот му припадна на Радовиш кој поведе со 0:3. Имаа гостите и водство од 1:5, но избраниците на Стојан Петрушевски заиграа подобро пред се во одбраната и со серија од 5:0 за прв пат на мечот имаа предност од 6:5. До крајот на првото полувреме, Радовиш успева да израмни на 8:8 и со овој резултат се замина на одмор.

Стартот на второто полувреме му припадна на Вардар, кој за прв пат на мечот имаа водство од 12:10. Сепак противничката екипа постигна три последователни голови и повторно ја врати предноста (12:13). До крајот на натпреварот се играше гол за гол и ниту една од екипите немаше поголемо водство од еден гол разлика. На крајот славеше Радовиш минимално со резултат 19:20. Вардар Јуниор имаше напад за израмнување, но голманот Паунов го одбрани ударот.

Кај Вардар се истакна голманот Никола Кизиќ, како и Дејан Кукуловски кој постигна 6 голови, додека 4 беа дело на крилото Мартин Димов.

Вардар Јуниор: Н. Кизиќ, Димов 4, Крстевски 1, Чакалиќ 2, Трајковски, Владимиров, М. Кизиќ, Петковски, Трпчевски 2, Николовски 1, Димитровски 1, Кукуловски 6, Стојменов, Атанасовски, Цветаноски, Мишевски 2.