Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јас сум Вардарово дете – Андреј Ацевски за Вардарфанс
Јас сум Вардарово дете – Андреј Ацевски за Вардарфанс

Јас сум Вардарово дете – Андреј Ацевски за Вардарфанс

ФК Вардар зимово одличи да остапи два млади играчи на позајмица до крајот на сезоната во Првата Лига . Покрај Стојчевски кој замина во Тетекс и младиот играч од средниот ред на Црвено-Црните Андреј Ацевски беше остапен на Кратовци . Во Силекс Ацевски ќе се обиде да дојде до потребната минутажа и да ја подигне својата форма со постојани настапи . Како и за првиот позајмен фудбалер така и за младиот Андреј ви носиме негово размислување .

- Мојте очекувања се пред се да не се соочам со посериозни повреди и да го подигнам нивото на игра на повеќе натпревари.  Исто така очекувам добра полусезона и да прикажам добри игри во тимот на Силекс каде сум одлично примен од соиграчите и од стручниот Штаб .Амбициите на Силекс за ова натпреварувачка сезона  се да остане во првиот дел од табелата .

Андреј Ацевски - Со Шампионскиот пехар

Андреј Ацевски – Со Шампионскиот пехар

На нашето прашање како ја согледува својата фудбалска иднина во својот матичен клуб ФК Вардар младиот  Ацевски вели :

Се надевам од летово ќе почнам да настапувам за Вардар каде сум долги години и имам одлични искуства . Јас сум Вардарово дете бидејќи потекнувам од Вардаровата фудбалска школа. И на мојот Вардар му посакувам на крајот од сезоната да ја освои титулата во Македонија – изјави Андреј Ацевски за нашиот сајт .