Жрк Вардар со Екстра изненадување за своите фанови кој сакаaт да присуствуват на мечевите во Лигата на Шампионите.
Под мотото „ЈАС, ТИ И ВАРДАР! ЕДНО СЕМЕЈСТВО – ЕДНА ЉУБОВ!“, Вардарки подготвија изненадување за своите најверни навивачи: Со секоја купена влезница за натпреварот со Лајпциг добивате и влезница за следниот натпревар, дома против екипата на Динамо Синара кој ќе се одигра на 14 март во 19.00 часот.
Веќе е одпочната продажбата на билетите за мечот со Лајпциг. Како што известува на својот веб сајт ЖРК Вардар продажбата на билетите се одвива онлајн на mktickets.mk и на билетарата во СЦ „Јане Сандански“ по цена од 300 денари. Натпреварот Вардар – Лајпциг се игра в сабота во 19.00 часот