Кадетите на ФК Вардар успеаа да обезбедат пласман во 1/4 финалето на турнирот во Златибор, откако попладнево успеаа да ја победат екипата на Олимпија со резултат 2:1. Стрелци на головите за Вардар беа Филип Јовановски и Алтин Алији.
Голот на Филип Јовановски е прогласен за најдобар, на третиот натпреварувачки ден на турнирот „Куп на Пријателство“. Истиот можете да го погледнете на линкот, ТУКА.