Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар успеаа да се пласираат во 1/4 финалето на силниот меѓународен турнир „Куп на Пријателство“ кој се одржува во Златибор.
Избраниците на Милан Илиевски-Мичка во одлучувачкиот натпревар успеаа да ја победат екипата на Олимпија и како второпласирана екипа во групата да ги продолжат настапите на турнирот.
Заслужена победа за Вардар со резултат 1:2, додека на полувреме резултатот беше 0:1. Се играше 22.минута кога прекрасен гол за водство на Вардар постигна Филип Јовановски од некаде 20.метри, прецизно шутираше во горниот лев голмански агол за отварање на резултатот. Предност од 0:2 во 60 минута донесе Алтин Алији, кој ја погоди противничката мрежа на додавање од Цветков. Во 66.минута, противникот успеа да го намали резултатот на 1:2, но тоа беше се што успеаа да сторат на овој натпревар. Вардар имаше повеќе од играта, едноставно го контролираше натпреварот и немаше да биде незаслужено ако оваа победа беше изразена со поголема разлика.
Во рамките на 1/4 финалето наш противник ќе биде екипата на Динамо Загреб.
Вардар: Андреј Данстак, Марко Стојилевски, Кристијан Таневски, Давор Серафимов, Симеон Здравковски, Горјан Цветков, Ѓорѓи Дошев, Никола Величковски, Дарко Сековски, Нуман Ајетовиќ и Филип Јовановски.
Играа уште и Лука Јакимовски, Тино Спасиќ, Влатко Кулуковски, Зоран Фидановски, Арбин Курти и Алтин Алији.