Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гоце Јовчев дебитираше за Вардар, Никола Величковски се запиша во листата на стрелци
Гоце Јовчев дебитираше за Вардар, Никола Величковски се запиша во листата на стрелци

Гоце Јовчев дебитираше за Вардар, Никола Величковски се запиша во листата на стрелци

Младиот голман на Вардар, Гоце Јовчев (2003) го имаше своето деби на официјален натпревар за сениорската екипа на ФК Вардар.

Вардар славеше убедливо на натреварот против екипата на Борец, во рамките на 4.коло во ВМФЛ со резултат 6:0, а шанса да застане на голот доби и младиот Јовчев, кој во игра влезе во 80 минута од натпреварот.

Гоце е дете на Вардар, ги има поминато сите младински категории на Вардар, а со неговата генерација 2003 освои голем број на трофеи во младинските натпреварувања. Тој е син на познатиот Гого Јовчев, кој во минатото исто така бил дел од голот на Вардар, како и македонската репрезентација.

На вчерашниот натпревар во листата на стрелци се запиша уште помладиот Никола Величковски (2005), додека Давор Серафимов (2005) и на четврти натпревар сезонава започна во стартните 11.