Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Недановски: Вардар има свои квалитети, знаеме што не очекува против Еурофарм Пелистер
Недановски: Вардар има свои квалитети, знаеме што не очекува против Еурофарм Пелистер

Недановски: Вардар има свои квалитети, знаеме што не очекува против Еурофарм Пелистер

Вечерва со почеток од 20:00 часот во спортската сала “Билјанини Извори“ во Охрид, ќе се одигра ракометниот Супер Куп, во кој ќе се сретнат екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.

Вардар е актуелен освојувач на првенството и Купот, додека Еурофарм Пелистер играше во финалето на Купот. Ова е петто издание на ова натпреварување, во кое Вардар доминира со три трофеи, додека битолската екипа има еден. Во пресрет на денешниот натпревар своите очекувања за официјалната страна на клубот ги сподели Владо Недановски, шефот на стручниот штаб на нашиот шампион.

Имавме можност да ги гледаме на повеќе натпревари како играат, иако тоа не значи дека така ќе играат и на Супер купот. Знаме дека Еурофарм Пелистер е добар тим со повеќе играчи и повеќе ротации. Тоа и го прави нивниот тренер, а ние тој луксуз го немаме сезонава.

Недановски смета дека неговиот тим има свои квалитети и ќе се обиде да изненади.

„Имаме ние свои квалитети. Тоа го покажавме со Нексе. Таа е една од подобрите екипи. Издржавме тркачки на целиот натпревар. Тоа го нема Еурофарм Пелистер. Физички сме подготвени да издржиме цел таков натпревар. Па и тактички сме подготвени. Знаеме што не очекува.

Секако дека формата не може да биде на највисоко ниво. Сите темпираат таа да биде на најважните дуели, а тие следуваат во понатамошниот дел од сезоната. Предност ќе биде што Еурофарм Пелистер имаа повеќе одиграни натпревари. Може да се видат добрите и лоши работи, истакна Недановски.

Директен пренос од вечерашниот натпревар можете да проследите на МТВ-3.