Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > 50. натпревар во “црвено – црниот” дрес за Новак и Брдаровски
50. натпревар во “црвено – црниот” дрес за Новак и Брдаровски

50. натпревар во “црвено – црниот” дрес за Новак и Брдаровски

На вчерашното градско дерби помеѓу екипите на Работнички и Вардар, тројца наши играчи прославија мал јубилеј во “црвено – црниот дрес”.

Играчите од одбраната на Вардар, Владица Брдаровски и Евгениј Новак вчера го одиграа вкупно 50. официјален меч за Вардар. И двајцата играчи ги одиграа сите 90 минути во нерешениот резултат против Работнички.

novak-fkvardar-vardarfansПокрај овие двајца, свој јубилеј прослави и репрезентативецот на Македонија, Стефан Спировски. Играчот на Вардар од средината на теренот вчера го запиша 50 натпревар во ПМФЛ, инаку вкупно досега има 57 одиграни официјални натпревари.