Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Абутовиќ уште три години “црвено – црн”
Абутовиќ уште три години “црвено – црн”

Абутовиќ уште три години “црвено – црн”

Специјалистот за одбрана во редовите на Вардар, Илија Абутовиќ го продолжи договорот со шампионот на Македонија на уште три сезони. Значи Абутовиќ дел од Вардар ќе остане најмалку до 2020 година.

Абутовиќ во Вардар дојде уште во 2011 година. Уште од првата сезона Илија покажа дека е фантастичен играч кој игра на многу високо ниво во одбраната. Нападот е негова послаба страна, па затоа е наречен специјалист за одбрана.

Извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски за официјалниот сајт на клубов вели:

Одбраната секогаш е важен дел во играта, а токму Илија Абутовиќ е еден од нашите најдобри играчи. Секоја година Вардар игра сѐ подобра одбрана, и токму Абутовиќ е еден од главните играчи таму. Со неговото останување во клубот веруваме и одбраната ќе продолжи на истото ниво, па дури и подобро во иднина.