Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2008 со две победи во 1.коло од Вардар јуниор лигата
ФК Вардар генер. 2008 со две победи во 1.коло од Вардар јуниор лигата

ФК Вардар генер. 2008 со две победи во 1.коло од Вардар јуниор лигата

Денес на теренот на Академијата на ФК Вардар  се одигра првиот есенски турнир во фудбалската “Јуниор“ лига. На него покрај фудбалскиоот клуб Вардар настапија уште две други школи кои се дел од академијата на ФК Вардар. Тоа се Рудар Јуниор од Пробиштип и Мал Ајакс од Штип. Генерацијата родени 2008 на ФК Вардар одигра два дуели и во двата дојде до победа над своите ривали.

1

Во првиот дуел ФК Вардар генерација 2008 се сретна со тимот ФК Рудар Јуниор од Пробиштип, во овој дуел момците на Павел Неделковски дојдоа до победа со резултат 3-1 (2-0).  Прва прилика на дуелот за да го отвори со гол имаше Азизи Арти кој не успеа да ја затресе противничката мрежа. Истиот играч во следната прилика беше во одличен налет, се ослободи од тројца свои чувари и ефектно погоди во аголот за предност на црвено-црните со 1-0 на овој дуел. До крајот на првиот дел се обидувавме да погодиме повторно, тоа му  успева на Стефан Бранковски. Тој успеа да го удвои нашето водство стрелајќи за 2-0, резултат со кој се замина на одмор на овој натпревар.

2 3

Во вториот дел влеговме офанзивно како и во првиот, сепак први кои успеаа да погодат во вториот период беа играчите на ФК Рудар Јуниор. Тие успеаа да го намалат нашето водство на 2-1 со нивниот прв, а подоцна се покажа и последен гол на овој дуел. Веднаш потоа тргнавме во офанива со цел да го вратиме водството од два погодока на овој натпревар. По неколку шанси конечно успеавме да погодиме преку Лука Никовски за 3-1. Со овој резултат заврши овој прв дуел денес во рамки на Јуниор фудбалската вардарова лига.

4

Во вториот дуел за генерацијата родени 2008 се сретнавме со тимот на ФК Мал Ајакс од Штип. Во овој натпревар успеавме да дојдеме до победа, момците предводени од Павел Неделковски триумфираа со високи 7-2 (4-1). На почетокот тргнавме офанзивно сепак по само неколку минути бевме изенандени од противникот кој постигна прв гол на средбата.  Штипјани поведоа на самиот почеток со 0-1. Веднаш потоа ние брзо изедначивме преку играчот со број 9, Стефан Бранковски кој погоди за резултатска симетрија 1-1. Во продолжение минавме и во водство, кое не го испуштивме се до крајот на овој натпревар. За наше водство со 2-1 успеа да погоди денес одличниот Матеј Киш.  До крајот на првиот дел успеавме да го удвоиме бројот на постигнати голови, стрелци за нас беа Дамјаноски Ненад кој стрелаше за 3-1 и Киш Матеј кој со неговиот втор гол денес зголеми на 4-1. Токму со овој резултат заминавме на пауза во овој дуел.

6

Вториот дел од овој дуел во Јуниор фудбалската лига кај генерација родени 2008 година го отворивме со ран погодок. По само 2.минути игра со неговиот денес трет гол Киш Матеј зголеми на 5-1. Тренерот Павел Неделковски во продолжение иврши серија имени двајќи шанса на поширокиот ростер на оваа генерација. Штипјани успеаа од слободен удар со ефектен гол да намалат и на 5-2 на мечот, сепак ова беше се што можеа д анаправат против нашиот расположен состав. До крајот успеавме да погодиме најпрвин преку Коста Бошковски за 6-2, а потоа и преку Лука Никовски погодивме за 7-1. Тоа се покажа како последне гол за нас на овој дуел.