Пик Сегед и Вардар ги поделија бодовите во рамките на четвртото коло од лигата на шампионите. Ова беше прв нерешен резултат за европскиот шампион во новата сезона, во најсилната група А. Пик Сегед водеше во најголем дел од мечот, но Вардарци имаа топка за победа, откако Дибиров на 15 секунди пред крајот на мечот промаши зицер удар. На крајот можеби нерешениот резултат е реален исход на натпреварот, а Вардар може да биде задоволен со бодот, со оглед дека на овој терен многу е тешко да се стигне до целиот “плен“. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес на прес-конференцијара после завршување на мечот истакна дека е задоволен од конечниот резултат на овој натпревар.
-Хуан Карлос Пастор веќе неколку години работи одлично во овој тим. Тие го имаат и одличниот организатор на играта, Стас Скубе кој против нас пружи добра игра. Тој имаше неверојатна партија и одлично соработуваше со соиграчите. Јас сум задоволен што успеавме да се избориме за еден бод, а сигурен сум дека многу тимови од Сегед ќе заминуваат без бодови.
Штербик повторно имаше двоцифрен број на одбранети удари кон нашиот гол. Арпад истакна дека не сме играле најдобро и затоа треба да бидеме задоволни со освоениот бод.
-Во изминативе сезони секогаш натпреварите на Вардар и Пик Сегед се неизвесни до самиот крај, така беше и на овој меч. Не сум задоволен како игравме, па можам да кажам дека сме задоволни и со ремито. Кога ПИК Сегед е во група со нас, секогаш ни е тешко да победиме. Нема многу места со ваква ракометна атмосфера како во Сегедин.