Капацитетот од 12 илјади места полека се исполнува. Вардар со сигурност ќе има поддршка од 12 илјади гледачи на утрешниот натпревар против Копенхаген.
Според информациите, останати се некаде околу 1.000 билети. За јужната трибина во слободна продажба има уште само 300 билети, додека пак за западот има уште некаде 700 билети. Се очекува и овие билети да бидат продадени во текот на вечерта и утрешниот ден.
На крилјата на публиката се надеваме дека Вардар ќе дојде до уште една голема победа и чекор до пласман во историското четврто коло.