Утре, Вардарци ќе гостуваат кај екипата на Охрид, на натпревар од 17.коло во ВМФЛ. Натпреварот ќе се одигра на С.Ц.Билјанини Извори со почеток од 14:00 часот.
После „киксот“ во минатото коло против Аресими, екипата на Вардар мора да оди на победа на гостувањето кај екипата на Охрид, која еднаш ја победи на домашен терен во есенскиот дел од сезоната. ФФМ за главен судија го делегираше Јован Качевски од Струга, додека негови помошници ќе бидат Разме Бакрачески и Јован Анѓелкоски, исто така од Струга.
Вардар е на 3.место со 37 бодови, додека Охрид се наоѓа на 6.позиција со 26 бодови.