ФФМ ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 2.коло во ПМФЛ.
Во недела, на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, Вардар ќе биде домаќин на тимот на Шкупи. Јован Качевски од Струга ќе биде главен судија, додека негови помошници ќе бидат Даниел Василевски од Скопје и Мартин Петковски од Куманово.
Натпреварот ќе започне во терминот од 17:00 часот.