Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија го освои 9.место на кадетското СП, Марио Стојановски, трет најдобар стрелец во триумфот против Чешка
Македонија го освои 9.место на кадетското СП, Марио Стојановски, трет најдобар стрелец во триумфот против Чешка

Македонија го освои 9.место на кадетското СП, Марио Стојановски, трет најдобар стрелец во триумфот против Чешка

Голем успех за машката кадетска ракометна репрезентација на Република Македонија која го освои 9.место на СП во Хрватска, На последниот натпревар за пласман избраниците на Стојановиќ ја победија репрезентацијата на Чешка со резултат 28:22.

Во текот на целото прво полувреме имавме контрола на играта и постојана предност која се движеше од 3-4 гола разлика, за на полувреме да се замине со водство од 13:11.

Чешка во првите пет минути од вториот дел го израмни резултатот, дури успеа и да поведе, но Македонија се врати во игра, со серија од погодоци ја превзеде предноста, која ја одржуваше до крајот на натпреварот, за конечен триумф од 28:22.

Вардаровото лево крило, Марио Стојановски, беше трет најдобар стрелец во нашата репрезентација со 4 погодоци од исто толку удари кон голот на противникот.

На ова СП, победи забележавме и против селекциите на Црна Гора, Грузија, Австрија и Унгарија.