На терените во селото Голема Речица во Тетово, денес ФК Вардар гостуваше кај Ренова со кадетската и младинската екипа. Црвено-црните остварија половичен успех на ова гостување.
Младинците на ФК Вардар остварија успех во Тетово кај тимот на ФК Ренова во рамки на 13.коло од младинската Супер лига. На оваа средба дојдовме до победа со минимални, но сосема доволни 0-1 (0-0).
Во првиот дел двата тима се обидуваа да постигнат погодок, сепак истиот заврши со почетниот резултат 0-0. Вардаровите младинци имаа далеку повеќе иницијатива и шанси за погодоци, прв се закани со лоб Величковски Никола, за жал топката мина над гредата. Вардаровиот тим имаше уште две прилики, сепак и по нив не дојдовме до водство. За младинскиот црвено-црн тим се заканија, Јусуфи Нијаз и Дошев Ѓорѓи, сепак на одмор се замина со почетите 0-0.
Во вториот дел на терен кој не беше ни близу идеален за игра, ние тргнавме во тотална офанзива. Имавме повеќе посед, креација и доминација. По 8.минути фудбал од овој период одлична асистенција испрати Јусуфи Нијаз, топката дојде до Величковски Никола кој немилосрдно стрелаше за предност од 0-1 и голема радост на нашите момци. Вардаровите младинци успеаа да ја задржат предноста и со офанзивна игра да ја чуваат, така обезбедија три бода со минимални 0-1.
Младинците дуелот го започнаа со овој тим: Јовчев Гоце, Серафимов Давор, Стојилевски Марко, Јусуфи Нијаз, Дошев Ѓорѓи, Живков Славче, Стојановски Стефан, Ѓорѓиевски Филип, Величковски Никола, Трпезановски Дарко и Здравковски Огнен.
Кадетите на Вардар на гостувањето во Тетово кај истиот противник беа поразени со само еден гол, домашниот тим дојде до победа со резултат 1-0. „Гипсарите“ успеаа да погодат веќе по 10.минути игра на теренот во селото Голема Речица каде што се играше оваа средба. Тие во следите 80сетина минути успеаа да ја задржат и одбранат минималната позитива и да ни нанесат пораз.
ФК Вардар на овој кадетски дуел започна со следниот состав: Данчевски Данстак Андреј, Трајковски Драган, Таневски Кристијан, Јовановски Филип, Анчевски Никола, Недељковиќ Лука, Цветков Горјан, Алексоски Андреј, Тренкоски Бојан, Славев Мартин и Блажевски Филип.
Во игра во вториот дел беа уфрлени двајца кадети, станува збор за Петровски Андреј и Абаз Мануел.