Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Куп: Кадетите ја минаа ФК Победа во 1/8-финалето
Куп: Кадетите ја минаа ФК Победа во 1/8-финалето

Куп: Кадетите ја минаа ФК Победа во 1/8-финалето

Кадетите на Вардар, денес во рамки на 1/8-финалето од Купот на Македонија гостуваа кај тимот на Победа во Прилеп. Црвено-црните минаа во следната, ¼-финална фаза со резултат 0-3 (0-1).

.

Вардар: Данстак Андреј, Трајчевски Александар, Митревски Матеј, Кулуковски Влатко , Ајетовиќ Нуман, Бундалески Максим, Туша Агрон , Сековски Дарко, Стојановски Димитар , Нурединовски Алтин и Радевски Филип.

.
Вардарци нападнаа по првата судиска свирка и атакуваа на ран погодок на овој натпревар од најмасовното младинско клупско натпреварување. Веќе по 5.минути фудбал имавме корнер за нас, откако го изведовме топката дојде до Митревски Матеј кој стрелаше за 0-1. Успеавме да ја задржиме предноста и на одмор заминавме со гол позитива.

>
Во вториот дел имавме инцијатива и атакувавме на удвојување на предноста, во 62.минута добивме слободен удар. Топката ја зема Ајетовиќ Нуман, упати неодбранлив удар и ја удвои предноста, ние поведовме со 0-2. До крајот игравме одлично ја зачувавме офанзивноста, тоа донесе и трет погодок. Кулуковски Влатко одзема една топка на средината, одлично „повлече“, упати асистенција до Туша Агрон кој во 79.минута ги постави конечните 0-3.

Играа уште и Рамани Хадис, Кузмановски Михаил, Петровски Андреј, Гаштаров Матеј и Николовски Марко.