Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците совладани во Купот
Младинците совладани во Купот

Младинците совладани во Купот

Младинците на ФК Вардар, денес гостуваа во Прилеп кај тимот на ФК Победа во дуел од 1/8-финалето во Купот на Република Македонија. Домаќинот со минимална победа, 2-1 обезбеди пласман во ¼-финалето.
.
Вардар: Филевски Никола, Фидановски Зоран, Величковски Никола, Дошев , Серафимов Давор, Јовановски Филип., Цветков Горјан, Алексоски Андреј, Уневски Никола, Стојилевски Марко и Спасиќ Тино.
Првиот дел и ако имаше прилики на двете страни заврши без погодок во мрежата на домашниот голман, Шемкоски Антонио и нашиот чувар на мрежата Филевски Никола. На пауза се замина со почетниот резултат 0-0.
Во вториот дел се се одлучи во пет минути, односно во 62 и 67.минута кога домаќинот за пет минути најпрвин поведе со 1-0, а потоа и со солидни 2-0. Ние се обидовме да се вратиме и во 82.минута преку Стојилевски Марко намаливме на 2-1, ја преполовивме негативата, но тоа беше се што успеавме на оваа Куп средба. Во следната фаза се пласира тимот од Прилеп.
Играа уште: Стојановски Стефан, Каровски Сандро, Анчевски Никола и Блажевски Филип.