Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Несреќно реми за младинците и пораз за кадетите на ФК Вардар на гостувањето во Ѓорче Петров
Несреќно реми за младинците и пораз за кадетите на ФК Вардар на гостувањето во Ѓорче Петров

Несреќно реми за младинците и пораз за кадетите на ФК Вардар на гостувањето во Ѓорче Петров

 Денес на теренот во населбата Ѓорче Петров се одигра  заостанатото, 10.коло во првенството  за кадетите и младинците.  Во истото ФК Вардар гостуваше на екипата на Македонија Ѓ.П, во овие два дуела имавме еден пораз и едно крајно несреќно реми.

Кадетите на ФК Вардар забележаа нов неуспех во лигата, тие во беа поразени минимално со 2-1 на овој заостанат кадетски дуел. Тренерот Златко Таневски натпреварот го започна со следниот состав: Aндов, В.Мирчевски, Митревски,  Т.Мирчевски, Хасановиќ, Манасиевски (к), Андоновски, Поповски, Ѓурковски, Цури и Спировски.

Првиот дел заврши со почетниот резултат 0-0, двата тима имаа обиди да го отворат натпреварот со погодок, но не успеаа. Мрежата на домашниот голман и нашиот Павел Андов мируваа по првите 45.минути. Во вториот дел ги видовме сите три погодоци кои го решија победникот на овој натпревар. Домаќинот беше повешт и победи со 2-1. Сите три гола беа дело на играчите на Македонија Ѓорче Петров, два во нашата мрежа и еден автогол постигнаа во својата.

Младинците на ФК Вардар  ја имаа победата “во раце“ се до последната минута кога домаќинот изедначи на 1-1. Тренерот Ане Андовски натпреварот го започна со следниот тим: Велковски (к), Радевски, Младеновски, Јусуф, Димовски, Велковски, Игнатов, Реџепи, Тасев, Талески и Петковски.

Првиот дел како и на кадетскиот дуел заврши со почетните 0-0, Методија Велковски и голманот на Македонија Ѓ.П недозволија нивните мрежи да бидат затресени и покрај неколкуте обида на двата младински состава. Во вториот дел влеговме со желба да дојдеме до три бода на оваа средба, успавме да отвориме со погодок за наше водство со 0-1. Стрелец на единствениот гол за црвено-црниот тим беше Давид Велковски кој го отвори резултатот. За жал победата ја пропуштивме во последните десетина секунди од натпреварот кога домаќинот успеа да изедначи на 1-1 пред последната судиска “свирка“.