Tuesday ,31 January 2023
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Одличен натпревар на Вардар, три гола за три бода!
Одличен натпревар на Вардар, три гола за три бода!

Одличен натпревар на Вардар, три гола за три бода!

Вардар славеше лесна и убедлива победа попладнево во Маџари. Црвено – црните одиграа одличен натпревар и заслужено постигнаа сезонава ретко видени три погодоци. Стрелци на денешниот дуел беа Брдаровски, Попзлатанов и Исени. Останува уште еден дуел, оној в недела против Академија Пандев за заокружување на есенскиот дел од сезоната.

Вардар по првиот дел имаше заслужено водство од 1:0, бидејќи тимот на Победа речиси и да не се закани конкретно кон голот на Гачевски. Уште на самиот старт од натпреварот Тодороски се обиде со удар од преку 20 метри, кој заврши крај голот на гостинот. Потоа шанса имаше и Јуфо од слободен удар, но биеше над голот на противничкиот голман. Иницијативата на Вардар се круниса со погодок во 29 минута. Брдаровски со одличен удар од преку 22-23 метри го матираше Тофиловски за предност на нашиот тим. До крајот на првиот дел немаше возбудувања на двете страни.

19515-filip-gachevski-so-jubilejniot-100-ti-nastap-vo-dresot-na-vardar

На стартот од вториот дел тренерот на Вардар направи и една замена, на местото на Бериша во игра влезе Јован Попзлатанов. Првите петнаесетина минути од вториот дел минаа мирно и без посериозни шанси и на двете страни. Во 63 минута уште еден потег повлече Васоски, излезе Јуфо а на негово место влезе Бесир Исени. Се играше 65 минута, Тодороски одлично продре по страна, му додаде одлична топка на нововлезениот Исени кој биеше многу лошо и високо над голот. Гооол, се играше 67 минута, гостинот погреши, Мицевски одлично го проигра Попзлатанов кој излезе сам пред голманот Тофиловски и рутински го матираше за водство од 2:0. Гооол, 70 минута! Слалом на Исени, издрибла двајца противнички играчи на мал простор, биеше речиси од место и стрелаше одлично за големо водство од 3:0. Во последните 15 минути во игра влезе и Антовски, на местото на Најдовски. До крајот на дуелот немаше резултатски промени, па така со резултат 3:0 заврши денешниот дуел.