Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар вечерва домаќин на Извиѓач, како загревање за саботниот дуел во ЛШ
Вардар вечерва домаќин на Извиѓач, како загревање за саботниот дуел во ЛШ

Вардар вечерва домаќин на Извиѓач, како загревање за саботниот дуел во ЛШ

Вечерва со почеток од 20:15 часот во спортскиот центар Јане Сандански, Вардар е домаќин на екипата на Извиѓач, на натпревар од 9.коло во СЕХА-лигата.

Ова би требало да биде полесен тренинг и загревање за црвено-црните, во пресрет на саботниот дуел од Лигата на Шампионите, против екипата на Киелце. Со триумф вечерва, Вардар има можност да се врати на табелата, откако вчера, Татран Прешов го победи ППД Загреб, кој пред одигрување на ова коло беше лидер во лигата. Избраниците на Парондо се големи фаворити на овој дуел, со оглед дека противникот се наоѓа на последното место на табелата, со само еден освоен бод и тоа во дуелот против Металург на гостински терен. Босанците се уште се без победа, а имаат и седум порази, а имаат играч кој е во ТОП-10 листата на најдобри стрелци, се работи за Ведран Делиќ.

На вечерашниот натпревар се очекува шанса да добијат играчите кои имаат помала минутажа на мечевите од Лигата на Шампионите. Тоа се однесува на Оцвирк, Војводиќ, Поповски, Кисељев, Мишевски, а не е исклучена можноста шанса да добие уште некој играч од составот на Вардар Јуниор. Знаеме дека поради повреди, стратегот на црвено-црните до крајот на оваа година нема да може да смета на Горбок, Фереира и Борозан.

Добра шанса да се триумфира вечерва во победнички ритам да го дочекаме мечот против Киелце. Билетите за вечерашниот дуел се по цена од само 50 денари, а дуелот можат да го проследат сите кои имаат сезонски билети за настапите на РК Вардар.