Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Вардаровите младинци ја победија Брера и избија на врвот, кадетите поразени во Струмица
Вардаровите младинци ја победија Брера и избија на врвот, кадетите поразени во Струмица

Вардаровите младинци ја победија Брера и избија на врвот, кадетите поразени во Струмица

Денес во Струмица, се одиграа заостанатите натпревари од 8.коло во кадетската и младинската Супер Лига, против екипата на Брера. По една победа им припадна на двата клуба, во овие два натпревари.

Кадетите се поразени со резултат 2:0 со голови од првиот дел од натпреварот. Овој натпревар можеше да има поинаков тек, ако Галевски успеа уште во првата минута да ја искористи својата прилика, додека домашниот тим головите ги постигна во 10 и 28.минута од мечот. Ние имавме уште неколку прилики на овој натпревар, како поизгледни ќе ги споменеме обидите на Бектеши, после центар шут на Танчев и на Радески, сепак денес не успеавме да постигнеме гол.

Вардар: Максим Краљевски, Мичо Поповски, Давид Цековски, Емир Шаботиќ, Филип Смиљков (К), Харбин Туша, Хабиб Бектеши, Златко Радески, Михаил Танчев, Марко Крстевски, Кристијан Галевски.

Играа уште и Олег Михајловски, Андреј Ѓуроски, Дамјан Спасовски, Матеј Ѓорѓиевски, Матеј Анастасов, Мирза Хасиќ и Андреј Бошковски.

Младинците стигнаа до многу важна победа со која повторно избиваат на врвот на табелата, пред екипата на Работнички. Избраниците на Трајче Стојковски во дербито против Брера славеа со резултат 1:3 (0:2).

Во 15.минута од натпреварот го отворивме резултатот преку Горјан Цветков кој ни донесе предност од 1:0 со гол од белата точка. Претходно, Дошев, беше играчот кој се ослободи од двајца противнички играчи и беше соборен во противничкиот шеснаесетник, за Цветков да го реализира пеналот. Во 30.минута после центар шут на Цветков од левата страна, Максим Бундалески беше играчот кој со глава ја затресе мрежата на Брера, за водство од 0:2, резултат со кој заврши првиот дел.

Во 47.минута тимот на Брера го намали резултатот на 1:2, но точка на победата стави Виктор Стефановиќ кој погоди во судиското надополнување за 1:3, на асистенција од Јакимовски.

Вардар: Никола Филевски, Влатко Кулуковски, Зоран Фидановски, Милош Спасовски, Горјан Цветков, Лука Јакимовски, Давор Лефковски, Ѓорѓи Дошев (К), Максим Бундалески, Марко Николовски, Антонијо Крстевски.

Играа и Агрон Туша, Виктор Стефановиќ, Димитар Стојановски и Филип Радевски.