Вчера, РК Вардар ја оствари осмата победа во ракометната Супер лига. Црвено-црните со резултат 26-20 беа подобри од Бутел.
Избраниците на Недановски на средбата во СЦ „Јане Сандански“ отворија одлично со почетни 4-1. Разликата отиде и на седум гола при водство од 9-2, но Бутел делумно се врати и до полувреме намали на 9-13.
Вардарци во вториот дел продолжија да ја контролираат средбата и без проблеми стигнаа до победа од 26-20.
Најдобар во победничкиот тим беше Марко Срдановиќ со шест голови, Милан Лазаревски беше стрелец на пет.