Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Убедлива победа за кадетите на гостувањето во Прилеп, младинците освоија бод
Убедлива победа за кадетите на гостувањето во Прилеп, младинците освоија бод

Убедлива победа за кадетите на гостувањето во Прилеп, младинците освоија бод

Денес, нашите кадети и младинци гостуваа во Прилеп кај Победа на натпревари од 21.коло во Супер Лигата.

Кадетите беа убедливи и славеа со резултат 1:4. Уште во 11.минута успеавме да го отвориме резултатот со голот на Марко Николовски кој ја затресе мрежата на домаќинот, после центар шут од десната страна на Андреј Петровски. Игравме добро на овој натпревар и константно го напаѓавме голот на противникот. Следен кој се запиша во листата на стрелци беше Матеј Гаштаров кој доби топка од Николовски, успеа да се ослободи од двајца играчи и да бие прецизно за предност од 0:2. До крајот на првиот дел успеавме да го зголемиме резултатот на 0:3 со вториот гол на Марко Николовски кој успеа да постигне гол со удар од преку 20.метри.

Во вториот дел и двете екипи успеаа да постигнат по еден гол. Се играше 50.минута кога најпрво биеше Стојановски, за момент голманот на Победа го одбрани ударот, за одбиената топка да стигне до Шаботиќ кој стрелаше за предност од 0:4. Почесен гол постигна домашниот тим во 63.минута за да го ублажи поразот и да ги постави конечните 1:4.

Вардар: Леонид Илиевски, Рами Рахми, Лука Атанасовски, Андреј Петровски, Давор Лефковски (К), Матеј Гаштаров, Марко Николовки, Филип Радевски, Лука Јакимовски, Христијан Стојановски, Емир Шаботиќ.

Играа уште и Хадис Рамани, Димитар Стојановски и Бојан Јаневски.

Младинците иако беа доминантни на натпреварот со Победа, сепак на крајот освоија само бод, конечниот резултат гласеше 1:1. На одмор се замина со почетниот резултат 0:0, иако нашите млади надежи имаа повќе од играта, создадоа и неколку прилики кои останаа неискористени. Како поголеми ќе ги издвоиме погодената пречка на Бундалески, како и шансата на Здравковски, чиј удар го одбрани голманот на Победа.

Во вториот дел, исто така имавме поголем посед на топка.Во 60.минута успеавме да го отвориме резултатот со голот на Нуман Ајетовиќ кој погоди на втора статива, после центар шут на Спасиќ. Сепак во 70.минута, домашниот тим успеа да постигне гол и да ги постави конечните 1:1.

Вардар: Никола Филевски, Нуман Ајетовиќ, Горјан Цветков, Марко Стојилевски (К), Влатко Кулуковски, Огнен Здравковски, Максим Бундалески, Давор Серафимов, Симеон Здравковски, Тино Спасиќ, Филип Јовановски.

Играа уште и Михаил Кузмановски, Виктор Стефановиќ, Матеј Митревски и Никола Уневски.