Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Убедлив триумф за пионерите на ФК Вардар против екипата на Победа
Убедлив триумф за пионерите на ФК Вардар против екипата на Победа

Убедлив триумф за пионерите на ФК Вардар против екипата на Победа

Пионерите убедливи со Победа. Пионерите на ФК Вардар ја пречекаа екипата на Победа во претпоследното коло и ја совладаа со 3-0.

Вардар: Краљевски Максим, Јанкоски Драган, Цониќ Максим, Туша Харбин, Анастасов Матеј, Радески Златко, Алексовски Дамјан, Ѓорѓиевски Матеј, Галевски Кристијан, Дамевски Филип и Бектеши Хабиб.

Првата половина од првото полувреме не донесе возбудувања, двата тима одиграа цврст натпревар без прилики. Радески Златко, се закани кон голот на прилепчани, но одбраната блокираше. Победа имаше обид, нашиот голман Краљевски Максим, беше на висина на задачата. Вардар имаше повеќе од играта, и поседот на топката. Тоа ни донесе неколку прилики за погодок. Галевски Кристијан, се закани дирекно од корнер, сепак одбраната расчисти. Капитенот Јанкоски имаше обид со глава над голот, а ударот на Анастасов Матеј голманот го исфрли во поле.

349191074_603923685051197_3662712083296035234_n

Отпорот на прилепчани го скршиме во финишот, за 1-0 со убав шут од слободен удар погоди Цониќ. Во последата минути од првиот дел со мајсторски шут со глава Галевски Кристијан донесе предност од 2-0, резултатот со кој се замина на одмор.

Во вториот дел ја потврдивме победата со уште еден погодок. Туша Харбин доби асистенција од Радески и стелаше за конечните 3-0.

Играа уште и Цековски, Хасиќ и Миовски.