Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери одиграа реми
Помладите пионери одиграа реми

Помладите пионери одиграа реми

Помладите пионери на Вардар, денес ја пречекаа екипата на Победа. На овој последен натпревар за оваа генерација како домаќин оваа сезона дојдовме до реми 1-1.

⚽Вардар: Ѓорѓиески Јован, Поповски Мичо, Смиљков Филип, Крстевски Марко, Котевски Петар, Давитов Петар, Стојанчевски Ненад, Каруловски Кристијан, Стефанов Филип, Бакрачески Бобан и Трајчевски Гоце.

Првиот дел заврши со реми 1-1. Имавме теренска иницијатива на оваа средба, истата ја крунисавме со погодок на Петар Давитов за 1-0. Противникот во 40.минута успеа да изедначи на 1-1. Ние преку Марко Крстевски се обидовме да се заканивме од дистанца пред последниот судиски свиреж, и стрелецот на голот за нас имаше свој обид. Се редеа прилики во финишот, Петар Котевски упати удар кој го блокираше одбраната на ривалот. Сепак на одмор се замина со резултатска симетрија на оваа суперлигашка средба за помлади пионери.

FB_IMG_1685181703646

Вториод дел на овој натпревар од предпоследното коло го започнавме со обид на нашиот капитен Мичо Поповски, неговиот удар го одбрани голманот на тимот од Прилеп. Противникот се закани, но две одлични одбрани имаше нашиот голман Ѓорѓиески Јован. Двата тима во втората половина од овој период играа претежно на средината на теренот. Во вториот дел немаше погодоци па средбата заврши 1-1.