Кадетите на ФК Вардар, денес на домашен терен ја пречекаа екипата на ФК Скопје, натпреварот црвено-црните момци со доминантна игра го добија со 5-2 (2-0) и освоија три бода на оваа средба.
Ѓорѓиевски Петар започна со овие 11 момци: Данстак, Петровски, Анчевски, Здравковски, Таневски, Перковски, Величковски, Стојановски, Јовановски и Ибраим.
Во првиот дел ние отворивме офанзивна тргнавме во атак со цел да отвориме први со погодок. Веќе во 9.минута Јовановски упати удар, противничкиот одбранбен играч неможеше да ја исфрли таа топка и даде автогол за наша предност од 1-0. Игравме офанзивно, противникот речиси и да не се закани кон голот на Андреј Данстак во првите 45.минути. Имавме прилики преку Јовановски, Ибраим и Величковски за удвојување на предноста. Во 38.минута преку Никола Величковски дојдовме до предност од 2-0, тој со удар од 20.метра погоди во аголот, резултат кој се покажа како конечен за првиот дел.
Во вториот дел зе заканивме веднаш, Јовановски мина по десната страна нафрли до Величковски кој со волеј шутна крај десниот директ. Веднаш стигна казна, противникот по соло-акција успеа да ја преполови нашата предност и намали на 2-1. Анчевски се обиде со два удара да ја врати предноста на два погодока, но не успеа. Со својот втор гол Величкoвски донесе предност од 3-1. Потоа видовме по една шанса на двете страни, најпрвин Јовановски погоди во пречката за нас, ударот на ривалот Данстак мајсторски го одбрани.
Со својот трет гол денес одличниот Величковски донесе предност со 4-1, тој со глава погоди во мрежата на ФК Скопје по нафрлена топка од десната страна. Натпреварот полека се приведуваше кон крајот, но сепак во последните две минути видовме нови возбудувања. Во 89.минута ривалот погоди за 4-2, во следната акција во последната, 90.минута Величковски со својот четврти гол ги постигна конечните 5-2 на оваа средба.
Ова беше прва сезонска победа за вардаровите кадети.