Голема победа за кадетите на ФК Вардар, кои денес на теренот Јане Сандански успеаа да ја победат Шкендија, за која ова е прв пораз оваа сезона. Инаку ова беше меч од заостанатото 11.првенствено коло. Момците на Златко Таневски конечно одигаа дуел на високо ниво.
Вардар: Андов, Зендели, Митревски, Манасиевски, Игнатов, Ристовски, Хасановиќ, Андоновски, Ѓурковски, Спировски, Цури.
Во игра влегоа уште и Бојковски, Рушити и Миленковски.
На тој начин Вардар стигна до четвртата победа сезонава, а ова беше прв пораз за тимот од Тетово после 13 одиграни кола. Во првиот дел двата тима имаа по неколку прилики, нашиот Андов Матеј “капитулираше“ еднаш, а пак Рамадани беше совладан двапати. Ние поведовме со 1-0 преку Хасановиќ Малик 21.минута од дуелот. Во 41.минута погодиа гостите за изедначување на 1-1 преку Абулхавид Ајдин. Во следната акција Зендели Берат зголеми на 2-1. Со овој резултат и наше минимално водсто се замина на одмор.
Во вториот дел одигравме паметно ја држевме топката и одлично го трошевме времето. Успеавме да му нанесеме прв пораз на лидерот на кадетскиот тим на Шкендија.