Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите преку “пенал рулетот“ го исфрлија Шкупи и се пласираа понатака во Купот
Кадетите преку “пенал рулетот“ го исфрлија Шкупи и се пласираа понатака во Купот

Кадетите преку “пенал рулетот“ го исфрлија Шкупи и се пласираа понатака во Купот

Денеска на теренот на ”Јане Сандански” кадетите на фудбалскиот клуб Вардар го одиграа реванш дуелот во купот на Македонија со Шкупи. Од првиот меч имавме минимална негатива 2-1, денес одигравме исто така минатиот натпревар 2-1. Мечот се решаваше на пенали во нив ние победивме 4-3 и отидовме понатака. За нас стартуваа следните момци: Зибери, Џуклески, Тодоровски, Јордановски, Серафимов, Насковски, Дишлиевски,  Кировски , Стојчевски, Јахија и Трајчевски(капитен).

Мечот почна со наша офнзива со цел да го стигнеме и анулираме минималното водство на Шкупи од првиот меч одигран во скопско Пржино. Погодуваме рано уште во 4 минута по еден карамбол пред голот на Амети , погодува нашиот играч Јахија Абдулхади. Потоа имавме повеќе од играта во продолжение, сепка не успеваме да погодиме. Прилика имавме преку капитенот Трајчевски Александар истата не ја претварме во гол. Дишлиевски Оливер е во соло продор опасноста во последен момент ја расчистува одбраната на гостите од Чаир. Шкупи имаше неколку удари сепак нашиот голман Малик Зибери е на висина на задачата. Стојчевски Филип се обидува опсно со удар од 20 метри сепак голманот Амети успева да ја одбие топката во поле. Гостинот казнува по еден прекин изедначува на 1-1 во финишот на првиот дел. Ние до крајот имае офанзива сепак не успеваме да поведеме и на одмор се иде со 1-1, резултат кој нас не не носи понатака во следната фаза од купот.

ka3

Вториот дел го почнуваме со неколку измени Влатко Колев повлекува неколку потези од клупата со цел да го освежи тимот. Ние сме во постојана офанзива тргаме по втор гол кој ќе донесе изедначеност во овој двобој. Серафимов Никола има прекрасна прилкиа сепак не успева да погоди за нас. Конечно доаѓа голот за 2-1, преку Кировски Андреј кој погодува после прекин одлично со глава ја смести топката во мрежата. Постојан атак, имаме неколку прилки, изведуваме пет корни откако одбраната на Шкупи рачистува од постојаниот наш атак. Трајчевски добива прекрасна топка од центаршут оддесно, тој е сам со голманот Амети кој успева во последен момент да ја боксува топката над неговата глава. Гостите се орентирани на одбрана, сакајќи мечот да го однесат во “пенал рулет“ со цел да си ги зголемат своите шанси за минување понатака.  Голема прилика пропуштаме откако нововлезениот Марковски Дејан доби корисна топка и со волеј од 5-6 метри го натфрли целиот гол на Шкупи. Ние постојано напаѓаме , поседот на топката е далеку повеќе во нашите нозе во овој втор дел. Дишлиевски Оливер пропушта прилика со глава да го реши овој двомеч , одкако шутира дирекно во голманот на гостите. Марковски е сам на сам со голманот , кој одлично брани и исфрла во корна. Следуваше пенал рулет Серафимов за нас погодува, Малик брани по првата серија поведуваме 1-0. Во втората Трајчевски промашува, а Шкупи изедначува на 1-1. Следуваат две серии во кој погодуваме ние преку Марковски и Дишлиевски, но погодуваат и гостите за 3-3. Во последната серија пеналот за нас го изведува Кировски кој погодува за 4-3, гостинскиот играч успева да ја погоди стативата . Крај! Одиме понатаму во следната 1/4 финална  фаза од купот.

ka2