Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедлива победа на генер. ”2008”
Убедлива победа на генер. ”2008”

Убедлива победа на генер. ”2008”

ФК Вардар генер. “2008“ денеска силите ги одмери со скопската екипа на Смилковци во рамките на новото коло од Детската фудбалска лига. На теренот на ФК Работнички нашите момчиња славеа убедлива победа против тимот на Смилковци со резултат 10:0.

14689812_1235620599828529_875974969_oУште на стартот на натпреварот нашите момчиња покажаа дека на овој натпревар се неколку класи подобри од дечињата од Смилковци. Прв голеадата на овој натпревар ја отвори Стефан Бранковски со убав погодок. Потоа за дуплирање на предноста стрелаше нашиот играч Илија Митаноски. Истиот играч уште еднаш ја начна мрежата на противникот, веќе за високи и убедливи 3-0. Потоа противникот имаше една добро можност да се закани кон нашиот гол, но нашиот голман не дозволи неговата мрежа да биде затресена. На полувреме се замина со 4-0. Во вториот дел нашите играчи продолжија да ја полнат мрежата на противникот. Шансите се ствараа а нашите млади момчиња тоа на најдобар начин го користеа. Во вториот дел нашите момчиња постигнаа уште шест погодоци за високи 10:0. Пред крајот на мечот Митаноски имаше можност да постигне хет-трик, но немаше среќа бидејќи топката удри на два пати во стативата на противникот по два шута.

Стрелци на овој натпревар:
Ненад Дамјановски  (3)
Илија Митаноски (2)
Стефан Бранковски (2)
Павел Aндов (2)
Јохан Зизајковски (1)