ФК Вардар генерација 2007 денеска одигра нови два натпревари во рамките на Детската лига. Најпрвин, Вардар (1) силите ги одмери против тимот на Албарса. Нашите момчиња победија убедливо со резултат 6:0. Потоа настапија и Вардар (2) кој беа поразени од Викторија со 5:4.
Вардар (1) рано го отвори резултатот со одличен погодок на Милош Спасовски од преку половина терен. Потоа Александар Грашевски имаше можност да го зголеми водството но биеше крај голот. Вториот гол беше дело на Марко Киш, кој биеше прецизно од 10-сетина метри за 2:0. Третиот гол беше дело на Александар Грашевски. Истиот играч зголеми и на 4:0 со прецизен удар. Потоа гостинот имаше можност да постигне погодок од пенал, но нашиот голман беше поуспешен и не дозволи гол за Албарса. Во вториот дел Младеновски прв се обиде со шут, но биеше за малку крај голот. Потоа и нашиот одбрамбен играч Лука Атанасовски упати удар со глава но и тој удар отиде крај голот. Петтиот погодок беше дело на Марко Киш, кој биеше одлично од над 15-метри. Точка на оваа средба стави Грашевски со гол од пенал за конечни 6:0. На крај стативата ја погоди и Петар Мицевски.
Вардар (2) одигра натпревар против Викторија. Нашиот тим загуби со резултат 5:4. Нашиот тим започна добро, прв погоди Војо Стојановски за предност на нашиот тим. Но бргу потоа Викторија израмни на 1-1. По една грешка на нашите играчи казнија гостите. Целосен пресврт направија гостите со добар гол на еден противнички играч. Потоа Вардарци израмни на 2:2 преку Војо Стојановски. Следуваше уште еден гол за нашиот тим. Одличен погодок постигна Никола Јовановски за 3-2. Одма потоа гостите го израмнија резултатот на 3:3. Голеадата продолжи, гостите постигнаа уште еден погодок за 4:3. Потоа следуваше уште еден погодок во нашата мрежа повторно по грешка на нашата одбрана. Во вториот дел нашите момчиња тргнаа по погодок и намалување на предноста, но на неколку наврати и немаа среќа. Останаа уште 8-9 минути до крајот а Вардар гостигна погодк за 5:4 дело на Кристијан Јаковчевски од слободен удар. Натпреварот заврши со победа на Викторија од 5:4.