Денес на теренот во наслебата Јане Сандански се одигра дуел од кадетската лига. На кадетите на ФК Вардар им гостуваа врсниците од ФК Победа од Прилеп. Нашите момци дојдоа до победа со резултат 5-0 (1-0), ова е прва пролетна победа за црвено-црните. Тренерот Влатко Колев стартуваше со овој состав: Тимевски, Пешевски, Радевски, Велковски, Младемовски, Ибиши, Туша, Илиевски, Митревски, Хасановиќ и Ѓурковски.
Тргнавме офанзивно по првиот судиски свиреж на овој кадетски дуел, со цел рано да поведеме. Имавме повеќе од играта во воведните десетина минути, поседот целосно беше кај вардарци. Прва прилика имавме во 12.минута кога со глава се обиде Илевски Марио, голамот на прилепчани Вурмевски Бојан успеа да одбрани. Три минути потоа две прилики имаше Туша Ветон кои не ги претвори во гол. Ние напаѓавме постојано шансите се редеа како на филмска лента, прилики пропуштија Малик Хасановиќ и Џемаили Ибиши во продолжение. Од слободен удар во 33.минута имавме голема шанса, репрезентативецот Божидар Митревски погоди на неколку сантиметри крај голот. Конечно во 38.минута го скршивме отпорот на црвено-белите, Марио Илиевски беше таличен за голманот на противникот погодувајќи за 1-0. По погодокот имавме уште две прилики за удвојување на предноста, Ибиши со глава погоди во рамките на голот, голманот исфрли во корна. Потоа Младеновски Марио на истоветен начин се обиде, но голманот на противникот беше на висина на задачата. Последна шанса во првиот дел имаа противниците, со одлична одбрана од под греда спаси Тимевски Бојан, нашиот голман одбрани сигурно во првиот дел.
Игнатов, Ристевски и Петерчуќ на почетокот во вториот дел добија шанса за настап од тренерот Колев на местата на Велковски, Хасановиќ и Туша. Веднаш по 3.минути успеавме преку Марио Илиевски да зголемиме на 2-0, тој со одличен погодок го зголеми нашето водство на самиот почеток на вторите 45.минути. Одбраната на гостите во вториот дел беше далеку по порозна, во 51.минута преку соло акција погоди за нас Давид Ристовски, нововлезениот играч во нашите редови погоди умешно крај Вурмевски Бојан за високи 3-0. Повторно по прекин како и на крајот на првиот дел со глава се обиде Младеновски Марио, неговиот удар заврши во рамките на голот, но беше лесен плен за голманот на гостинот. Џемаил Ибиши во продолжение имаше две големи прилики, првата ја одбрани голманот на противникот, но во 62.минута со удар од 13-14 метра во пад успеа да погоди за високи 4-0.
Марко Тасев во продолжение прими една одлична топка умно се ослободи од чуварот и погоди зависока предност од 5-0. Прилепчани се обидоа, но на нашиот гол беше одличен Бојан Тимевски кој даваше додатна сигурност на нашата одбрана. Поради високат предност игравме опуштено со доста комбинирање, поседот беше на наша страна, а и високата предност. Леонид Игнатов имаше одлична прилика во финишот, сепак силниот и прецизен удар не успеа да заврши зад грбот на голманот од Прилеп. Тоа беше последно возбудување на овој дуел.