Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втора последователна победа за пионерките на РК Вардар во пролетниот дел, денес на Кале совладана екипата на Струма
Втора последователна победа за пионерките на РК Вардар во пролетниот дел, денес на Кале совладана екипата на Струма

Втора последователна победа за пионерките на РК Вардар во пролетниот дел, денес на Кале совладана екипата на Струма

Втора последователна победа за пионерките на РК Вардар, кои денес на Кале убедливо ја совладаа екипата на Струма од Струмица. После триумфот во дербито против Металург во минатото коло, денес избраничките на Платон и Кузмановска ја совладаа и екипата на Струма.

Првиот гол на мечот го постигнаа девојките од Струмица, за нашите вардарки да постигнат три последователни голови и да поведат со 3:1. Во текот на целиот меч имавме предност и ниту во еден момент не му дозволивме на гостинот да ја загрози. Последен пат, Струма се закани на нашето водство, кога намалија на 4:3, но следеше брз одговор од Вардар кој направи серија од 5:0 и се одлепи на највисоки 9:3. До крајот на првиот дел, ја одржувавме оваа позитива и по истекот на првите 20 минути имавме предност од 14:8.

На стартот на второто полувреме беше познат победникот, кога вардарки направија нова серија од 3:0 и веќе имаа високи девет голови предност (17:8). Нашиот тренерски тандем на клупата им даде шанса за настап на сите ракометарки, кои добија шанса да се докажуваат. Стигнавме и до двоцифрена предност од 20:10, а последните десет минути беа само рутина за нашиот состав, кој на крајот триумфираше со голема разлика од 13 голови, или конечен резултат од 26:13. Со оглед дека примивме само пет голови во овој дел од мечот, говори за цврстата одбрана која ја поставивме на овој дуел.

Сестрите Ковеци, најефикасни и на овој дуел за пионерките на Вардар. Борјана постигна 12, додека Бојана 6 голови. Со оваа победа ги задржавме шансите за пласман на завршниот турнир во пионерската лига.

Вардар: Пешиќ 4, Кргељ, Колоска 2, Борјана Коцева 12, Тошевска 1, Ангеловска, Максимовска, Миланова, Радевска, Мирческа 1, Бојана Коцева 6.