КАДЕТИТЕ НА ФК ВАРДАР СО ПОБЕДА ВО ДЕРБИТО ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР.
Кадетите на домашен терен, во рамки на 9.коло од Супер лигата, денес го совладаа тимот на Пелистер со резултат 3-2 (0-0).
Вардар беше домаќин на старо-новиот терен Јане Сандански во општина Аеродром. Тргнавме офанзивно, први прилики имавме преку Танчев и Бектеши чии удари не донесоа предност. Варадар имаше повеќе од играта во поле, Пелистер се обидуваше да се закани по брза трансформација од одбрана во напад. Противникот се закани со удар од далечина кој заврши во нашата греда. Последната прилика во првиот дел ја имавме ние преку Галевски чиј удар го одбрани голманот на зелено-белите. На одмор се замина со почетните 0-0.
Само што почна вториот дел нашата иницијатива беше наградена со погодоци. Најпрвин слободен удар доби капитенот Смиљков Филип, со јак удар од 25.метра ефектно погоди за 1-0 во 48.минута. Веќе во следната акција Галевски одлично асистираше до Бектеши Хабиб кој со лева нога погоди за 2-0 во 49.минута. После погодокот имавме повеќе од играта во поле. Шаботиќ имаше шанса со удар од дистанца да погоди по трет пат за нас. Фуриозната офанзива донесе нов погодок Галевски Кристијан стрелаше за веќе високи 3-0. Нашата офанзива не застана следеше удар на Бектеши над голот на зелено-белите. Мало опуштање во финишот донесе два гола на ривалот, сепак ние дојдовме до три бода со резултат 3-2.
Вардар: Краљевски Максим, Поповски Мичо, Радески Златко, Туша Харбин, Смиљков Филип, Цековски Давид, Бектеши Хабиб, Ѓорѓиевски Матеј, Танчев Михаил, Шаботиќ Емир и Галевски Кристијан.
Играа уште: Милошоски Александар, Ѓуроски Андреј, Спасовски Дамјан, Крстевски Марко, Хасиќ Мирза, Михајловски Олег и Анастасов Матеј