Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки се вратија на победите во Супер Лигата, висок триумф против Пелистер
Вардарки се вратија на победите во Супер Лигата, висок триумф против Пелистер

Вардарки се вратија на победите во Супер Лигата, висок триумф против Пелистер

Вардарки се вратија на победите во Супер Лигата, откако денес во салата „Круме Кепески“ беа подобар тим од Пелистер 2012 кој го победија со резултат 38:20

Ниту во еден момент не беше доведена во прашање нашата победа на овој натпревар. Уште од самиот старт наметнавме брзо темпо на игра, на кое противникот не можеше да парира. Со головите на Тамара Ивановска и Бојана Коцева во 8.минута имавме водство од 5:2, додека при резлтат 9:3 со голот на Трпевска во 14 минута, тренерот на Пелистер се реши да побара тајмаут. На нашиот гол започна Вероника Ѓорѓиевска која за 30 минути на голот имаше 9 одбрани, и таа имаше своја улога во стекнатата висока предност на полувреме. Како се ближеше крајот на првиот дел, само растеше предноста во наша корист, во 21 минута Стефаноска ни донесе водство од 12:5, додека три минути подоцна имавме и двоцифрена предност, кога резултатот гласеше 15:5, откако противничката мрежа ја затресе капитенот Трпевска. До крајот на првиот дел само ја зголемивме разликата, па така на одмор заминавме со комотни 20:7 во наша корист.

400736658_1037169600696204_7060729035970906002_n 400744119_1037169014029596_7871502060376949256_n

Во вториот дел шанса за настап добија и ракометарки од кадетската екипа, се работи за Дона Тодоровска и Леона Миленкоска, кои имаа свое гол шоу во овој дел од мечот. Токму со нивни голови, зголемивме на 23:8, додека во 45 минута со погодокот на Василева го зголемивме резултатот на 31:12. Во второто полувреме на голот ги видовме и Андреа Илиќ, како и Марија Галачева, кои исто така запишаа одбрани зад своето име. Последните 15 минути беа рутина за вардарки, кои славеа висока победа со резултат 38:20.

400762247_1037167767363054_8982867370722679092_n

Вардар: Ивона Кимовска 1, Ивановска 5, Попова, Стефаноска 4, Галачева ( 1 одбрана), Василева 6, Велјаноска, Илиќ ( 7 одбрани), Борјана Коцева 4, Трпевска 4, Ива Кимовска 1, Тодоровска 6, Миленкоска 4, Радевска, Ѓорѓиевска ( 9 одбрани), Бојана Коцева 3.