Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите го заокружија победничкиот викенд на Вардаровите генерациии
Кадетите го заокружија победничкиот викенд на Вардаровите генерациии

Кадетите го заокружија победничкиот викенд на Вардаровите генерациии

Кадетите на Фк Вардар ја забележаа петтата победа во првенството. На домашниот свој терен на локомотива беа поуспешни од екипата на Шкупи, совладувајќи ги со резултат 3:1. Стрелци на головите за нашиот тим беа: Дејан Маркоски, Дамјан Петревски и Александар Трајчевски.

Натпреварот започна неочекувано за нашите кадетите кои примија први погодок и имаа негатива од 0:1 на почетокот на натпреварот. Тоа не ги обезхрабри црвено-црните, кои заиграа подобро во продолжение од дуелот.  Таквата добра игра им донесе израмнување, стрелец на голот беше Петревски, така предноста на противникот веќе не постоеше. До крајот на првиот дел, Вардарци постигнаа уште еден гол и направија целосен пресврт на мечот. Погодокот за предност од 2:1 беше дело на капитенот Дејан Маркоски со удар од белата точка. Со овој резултат се замина на полувреме.

Во вториот дел имавме поголем посед на топка и поголем број на шанси. Освен почетното водство, противникот од Чаир не успеаа да направи нешто повеќе на овој дуел. Точка на овој натпревар со својот прв погодок на мечот стави Александар Трајчевски, кој ги постави конечните 3:1. До крајот не се случи нешто поинтересно, така црвено-црните сосема заслужено ги освоија трите бодови.

Фк Вардар (кадети): Тимовски, Пирков, Тасевски, Серафимов, Тодоров, Насковски, Скендерски, Менкиноски, Трајчевски, Маркоски (c) и Петревски.