Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар повторно подобар од Работнички
Вардар повторно подобар од Работнички

Вардар повторно подобар од Работнички

Скопското градско дерби повторно на програмата беше денеска по само четири дена од последното соочување во супер-куп дуелот во средата. Повторно црвено – црните однесоа победа на соочувањањето овој пат со 2:1 и тоа со пресврт во вториот дел.

Вардар за жал на овој меч бркаше позитива “романтичарите“ отворија рано во средината на првиот дел преку повремениот репрезенативец Баже Илијоски уште во 22 минута од мечот кога го совлада Пачовски. Томе беше заслужен зашто на полувремето се замина само со еден негатива тој одбрани фантастично во 38 минута. Во вториот дел црвено – црните тргнаа по цел плен на овој дуел во ПМФЛ. Седловски го повлече првиот потег од клупата така го внесува ерменецот Артак Дашјан, на местото на  младиот  Николов. Вардаровите атаци брзо вродиа со плод така во 6 минути игра во 51 минута Филип Ивановски повторно погаѓа против Работнички овој пат за 1-1. Повторно само што се вати од суспензија заради црвен картон мексиканецот Цезар Ромеро повторно заработува исклучување и ги остава својте соиграчи на цедило при еден неповолен резултат. Вардаровата желба да се однесе цел плен како минуваше второто полувреме изгледаше дека нема да се оствари особено што бевме со 10 играчи во поле. Но среќата ги следи храбрите јунак на ФК Вардар во ова градско дерби е Горан Попов со гол во 90+2 минута. Шкендија и денес победи па така двата црвено – црни состави останаа на иста бодовна дистанца и по ова коло.

За Вардар овој мечго почнаа следните 11-сетмина: 28. Пачовски, 3. Попов, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 77. Брдаровски, 16. Глигоров, 20. Николов, 58. Ромеро, 70. Фелипе, 9. Блажевски, 22. Ивановски.